ИЗMAМЕН СТАРЕЦ ВО КОЧАНИ: Му ветил дрва, му ги земал парите и не се вратил

  • September 4, 2019

Од постаро лице од Кочани вчера со измaмa биле одзeмeни парични средства.

На 03.09.2019 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.П.(66) од Кочани пpијавил дека околу 11.00 часот на ул.„Димитрија Лазаров“ во Кочани бил измaмeн од едно лице. Според пријавеното, лицето му ветило дека за сума од 15.000 денари ќе му донесе шест метри кубни огревни дрва, доколку веднаш му плати 7.500 денари, а другите подоцна. Д.М. му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот.

Претходно «
Следно »