Илиевски: Иако за амбасадорите ckaндал беше kpиминалот на струшкиот универзитет, за Заев немало проблeм

Поврзано

Меѓаши открива: Им се зakaнуваат на средношколците кои ја бojkoтираат наставата

По повод загрижувачки дојави на СОС линијата за деца и млади 070 390 632 и 02 2465 316 –...

МОН пpecече: Промените во основното образование ќе се случат

Министерството за образование и наука соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници,...

Зборуваме за дигитализација, а училиштата сапун немаат

Нема ниту една година на пример од скандалот со сапун во нашите училишта, а зборуваме за дигитализација, вака претставничката...
- Advertisement -

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој го обелодени скандалот со струшкиот универзитет за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија открива дека за премиерот Зоран Заев не биле проблем незаконските унапредувања на универзитетот иако законот е јасен, дека тука постои криминал, за кој и амбасадорите биле изненадени.

Илиевски посочи дека за сето тоа се запознати и МВР и министерот Оливер Спасовски, каде ја доставиле целата документација и сите незаконитости на струшкиот универзитет, но се е забошотено и не се делува.

– Кога ги објавив скандалите за министерот за образование тогашен, Арбр Адеми, заменикот за внатрешни работи Агим Нухиу и за директорот на индустриска зона Сафет Емрули, ме прими шефот на кабинет на Заев. Ја доставив целокупната документација дека незаконито се унапредувале, истите земале хонорари што не незкаонито и ми беше пренесено дека ќе биде дадено до знаење до Заев. По неколку дена Заев ми напиша СМС порака дека се е законски и нема проблем. Тој треба да знае дека директор, пратеник, министер согласно член 151 од Закон за работни односи, му мирува работниот однос, тој може да извршува настава во прв циклус, но не може да се унапредува, потенцира Илиевски.

Тој појасни дека Арбр Адеми бил унапреден во доцент, Агум Нухиу унапреден предвремено со порака од струшкиот универзитет и од Тирана, а Сафет Емрули од помллад сега веќе е редовен професор.

– Ваков образовен криминал го има само во хибридни и заробени држави. Кога сето ова им го кажав на амбасадорите, ми го поставија прашањата дали нив им е хоби државната функција или на универзитетот, затоа што вакво нешто нема во Европа. Ова е скандал, нагласи Илиевски

Latest News

(Фото) Пoжap вo кyќa вo Paдишaни, eвaкyиpaнo eднo лицe

Од Пожарната Скопје информира дека денеска избувнал пожар во куќа на улицата „Скоевска“ во скопската населба Радишани. Благодарение на брзата...

More Articles Like This