August 13, 2020, 3:31 am

Илинденско послание на г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА: Да не потkлекнеме на совpeмените иckушенија

Поврзано

Cвeтиoт cвeштeнoмaчeник Вaлeнтин

Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот...

Денеска е Св. маченик Калиник

Свети Калиник пострада маченички околу 250 година. Беше родум од Киликија и се беше оставил заради проповедта на Евангелието....

Малите змии на Богородица, повторно забележани во Кефалонија

Змиите на Богородица повторно се појавија во црквата на островот Кефалонија. Змии не поголеми од 50 сантиметри секоја година се...
- Advertisement -

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА испратија илинденско послание во кое порачуваат да не се заборави делото на сите наши борци и јунаци, комити и војводи, партизани и бранители.

-Големиот пророк Илија ни станал пок­ровител на духовната и на националната слобода. Започнатата борба на Илинден – 1903-та, ги раѓа созреаните плодови на Илинден – 1944-та година. Затоа треба да бидеме особено будни да не си дозволиме потклекнување пред современите искушенија и да не го изгубиме она што нашите предци, со огромни напори и големи жртви, го стекнале и ни го оставиле во аманет. Впрочем, самиот факт што во петвековното иноверно ропство нашиот народ, по секоја цена, ја сочувал православната вера, е доволен показател за духовната сила и за идеалите за кои се борел и се жртвувал, се вели во посланието.

Потоа се споменува и новиот предизвик пред кој се наоѓа светот, пандемијата со новиот вирус. – Еве, и во оваа 2020-та година, македонскиот народ, како и целото човештво, е во едно ново искушение – во ново востание, предизвикано од заразната пандемија. Но, поучени од искуството на нашите предци од претходните востанија, и со Божја помош и поткрепа, се надеваме дека и овојпат ќе извојуваме победа, пишува г.г. Стефан.

-Честитајќи им го Илинден на сите Македонци, во Татковината и насекаде по светот, порачуваме да не се заборави, во ниту една македонска генерација, делото на сите наши борци и јунаци, комити и војводи, партизани и бранители. Аманет­от што ни го оставија – да ги чуваме слободата и самобитноста, нека ни биде постојана заповед и порака!

Нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа и паднаа за слободата и за независноста на Македонија!

Дај Боже, да постои и да опстои слободна Македонија и сѐ што е македонско! Амин!, пишува во завршетокот на посланието.

Latest News

Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада...

Освен премиерската функција, Ахмети ги бара ресорите за внатрешни работи и финансии, УЈП и НБРМ

Покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и...

Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за...

Одредена цената на руската вaкцина, се очекува и поевтинување со зголемување на побарувачката

Цената на руската вакцина пpoтив кopонавирус за меѓународниот пазар првично ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на...

Над 800 лица починaлe откако пиеле средства за чистење како лeк за кopонавирус

Поради дeзинформации поврзани со новиот koронавирус во светот починaa најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и...

More Articles Like This