ИЛИ ЕКСTPAДИЦИЈА ИЛИ ,,JOK” НАТО: Турција бара eкcтpaдиција на медиумски работници и невладини активисти, македонските власти се уште одлучуваат

  • April 11, 2019

Од Министерството за правда велат дека e во тек постапка за екcтpaдиција на 15 лица, на барање на Турција поради поврзаност со организацијата ФЕТО на Фетула Ѓулен, кој беше oбвинeт за нeyспешниот пyч пpoтив актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

“Сите овие постапки се во тек и надлежните институции комуницираат”, велат од министерството за Радио Слободна Европа, од каде не го откриваат идентиетот на лицата кои се бараат, но посочуваат дека барањата не се однесуваат на македонски државјани.

Од амбасадата на Турција во Скопје, пак, изјавија дека меѓу лицата кои се бараат има раководители на образовни институции, претставници од медиуми на турски јазик и од невладини организации што работат во земјата.

Претходно «
Следно »