ИМАВ НЕВИДЕНИ ПРИТИСОЦИ: Проговоре член на Комисијата за подготвување на скандалозната годишна програма на Министерството за култура

Поврзано

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар...

(Видео)Касами го шитна Заев, по изборите ќе коалицирал со победникот

Со најмалку 6,7 пратеници ќе бидеме дел од владата која ќе успее да добие 61 пратеник, најави лидерот на...

Плажите во хрватска нeбeзбeдни?

Kaпачите снимиле несекојдневна глетка на плажата Бокулја во Сливница, Задарска жупанија. Во Велебитскиот канал се појавил огромен кит кој се...
- Advertisement -

На снимката се слуша гласот на Весна Гиновска-Илкова. Член на Комисијата за подготвување на скандалозната годишна програма на Министерството за култура во изминатите неколку години.

-Значи јас сакам, пред мене, мојата совест да биде чиста. Али чувствував потреба да седнам и да го кажам ова. Како што исто чувствувам потреба дека така јебано се осеќам во онаа комисија (во МК), со страшни притисоци, со невидени притисоци, пошто ја не сум човек којшто одработува. Значи со страшни притисоци, јас, сеуште. Фала богу едвај чекам да заврши.

Вака се носеле одлуките и вака се распределувале средствата од Буџетот на Министерството за култура за проекти од национален интерес. За потсетување, резултатите од овој конкурс, предизвикаа невиден скандал и хаос, па дури дел од нив беа поништени, за што уследија тужби од уметниците.

На пример, немаше парична поддршка од државата за Скопскиот Џез фестивал, за ОФФест, скратени беа средствата за Танец, но затоа пак се финансираа песни за УЧК и книги во кои Македонија е наречена Источна Албанија. И уште милион други вакви пародии. За сето тоа немаше никаква одговорност од министерот за култура Асаф Адеми, од националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски и советничката за култура на Заев, Цветанка Ласкова.

После овој аудио материјал и резултатите од конкурсот, во прашање се доведува интегритетот и кредибилитетот на лицата кои биле дел од оваа Комисија кои сега би требало на јавноста да и дадат одговори-од кого дошле тие притисоци и дали тие потклекнале на нив или пак, со чиста совест ги донеле и стојат зад своите одлуки.

Инаку, покрај тоа што, Весна Гиновска Илкова е член на Комисијата за подготвување на Годишната програма на Министерството за култура, таа и во моментов е советник на претседателот на државата Стево Пендаровски. Член е и на Советот за култура на Министерот за култура. Неодамна, преку неколку портали, беше обзнането дека Министерот кој токму таа таа го советува, донел одлука да и додели средства за најзиниот јубилеен концерт. За организација на истиот, земала 600.000 денари. Концертот, патем, не се ни одржа, ниту пак има најави-дали ќе се одржи или пак советничката на Министерот има намера овие пари да ги врати.

Latest News

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден...

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако обвинителот којшто е главен овие...

Мицкоски: Ќе покажеме дека сме различни

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски рече дека СДСМ цело време збори за враќање на Груевски и ништо...

Мицкоски: Димитров зборува за правда, а во исто време е слуга на човекот кој има две амнестии

Јас чувствувам кај господинот Димитров нервоза уште од самиот почетокот на кампањата. Тој влезе во кампањата со навреда за ВМРО-ДПМНЕ дека било здружение замислете...

Разочарувањето кај народот од политичарите е огромно, бидејќи преку ноќ се збогатија на грбот на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија истакна дека во Македонија најголемо е разочарувањето во...

More Articles Like This