ИМА ЛИ СПОРЕДБА: Зошто актуелната влада сака да го прикрие злосторството кај Вејце со фластерите од 27.април?

  • April 29, 2018
  • Коментари

Поминаа седумнаесет години од еден од најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата македонска историја кој се случи на 28 април 2001 година кога осуммина полицајци припадници на специјалната единица ,,Волци’’ и ,,Посебната единица на СВР Битола”. Покрај оссумината полицајци кои ги загубија своите животи во масакрот имаше и шестмина полицајци кој беа повредени. Шестмината повредени беа дел од последното возило во колоната кое успеаа да се извлече од заседата и да го пријави масакрот и да повика засилување.

Иако Марјан се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело е целосно јагленосано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети.

Смртта кај Кире настанала како резултат на развивање на тешко шокова состојба предизвикана од дејствување на проектили во пределот на градниот кош и стомакот, како и поради изгореници и труење од јаглероден моноксид, што му е пронајден во белите дробови, од што се извлекува заклучок дека бил запален додека се уште давал знаци на живот.

Бошко додека бил тешко ранет, од близина му е пукано во неговото чело, за да потоа биде запален и целосно изгорен.

Смртта на Илче настанала како резултат на здобиените прострелни рани во пределот на главата и стомакот. Со кундак од пушка му е разнесена брадата а со нож му се нанесени рани на рацете и нозете. Не е докажано дали контузијата на брадата предизвикана со удари од кундак на пушка и горењето на долните екстремитети, терористите го извршиле додека бил се уште жив или мртов.

Смртта кај Бобан настанала како резултат на хеморалгичен шок поради огнострелен канал на срцето и загуба на поголемо количество крв. При обдукцијата на телото на Бобан се констатирани три убодни рани на десната страна од градниот кош, една прободна рана во пределот на подлактницата, една прострелна повреда во градниот кош, една прострелна рана на десната надлактница, како и нагмечување на главата со кундак.

Беспомошното и мртво тело на Роберт со нож е бодено по нозете и гениталните органи. Смртта кај Роберт настанала како резултат на тешките раскинувања на левата мозочна хемисфера кои настанале под дејство на проектил исфрлен од огнострелно оружје од близина. Покрај во пределот на главата и десната рака, со проектили е погоден во десната и левата потколеница, кога Роберт излегувал од „хамерот“ и бил во исправена положба.

Пар ханзапласти на нос кај Кирацовски, Спасовски, Манчевски и чалма на Заев се прикажуваат како поголемо злосторство од масакрот во провладините медиуми додека се релативизира еден ваков настан. Ниту МВР ниту владата не испратија делегација која ќе го посети местото на злосторството и ќе одржи комеморација на жртвите од масакрот.

Никогаш да не се заборави хоророт низ кој поминаа македонските херои, бранители.

Претходно «
Следно »