ИМА ПРИБЛИЖУВАЊЕ ВО ОДРЕДЕНИ СТАВОВИ: Мицкоски по средбата кажа дека имало приближување на некои ставови, го повика Заев да не манипулира!

Поврзано

(Видео) Земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да биде искористен

Носителот на Изборната единица 3 Игор Јанушев преку статус на Фејсбук пишува дека земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да...

(Видео) Шекеринска e поголем лaжгo од Зоран Заев

Денес на Јутуб беше објавено видео кое ги демантира сите обвинувања на Радмила Шекеринска кон Инфомакс за ширење на...

Лaжнитe ветувања на СДСМ во Гостивар

Гостивар е еден од градовите чии жители најмногу го почувствуваа катастрофалното владеење на СДСМ. Пред изборите СДСМ ветуваа проекти,...

За некои од темите имаме придвижување во ставовите, за некои немаме придвижување на ставовите. Се договоривме, генерално, во понеделник наутро или недела навечер да ги продолжиме разговорите во овој формат. Да видиме како ќе се развиваат па понатаму ќе дискутираме за деталите.

Ова денеска по завршувањето на лидерската средба го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи, така треба и да се однесуваме. Истите вредности, не само декларативно да ги соопштуваме, туку и да ги применуваме во дело. Тоа подразбира почитување на законите и почитување на Уставот и да превенираме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните, односно да се поставуваат повеќесмислени прашања за круцијални теми, за кои што ние како граѓани сме загрижени за иднината на оваа држава, истакна Мицкоски.

Тој не сакаше да ги соопшти деталите од состанокот, односно за што се согласуваат со власта, а за што не се согласуваат. Рече дека е оптимист оти за дел од темите има напредок, посочувајќи дека се се ограничува до формирање на составот на Државната изборна комисија.

Мицкоски потенцираше дека амнестија не е тема на овие средби.

-Тоа е уште еден груб обид да се манипулира јавноста. Токму на тоа апелирав, не треба да дозволиме јавноста да се манипулира и не треба нашите лични слабости и недостатоци да ги покриваме со реченици кои што имаат единствена цел, да го свртат вниманието од реалните теми и проблеми, и да се манипулира јавноста. Треба да останеме принципиелни, чесни и искрени во намерата. Така што, јас уште еднаш ќе повторам, оставаме процесот да се развива па ќе дискутираме за деталите понатаму, потенцираше Мицкоски.

Појасни дека денеска во партијата ќе се одржат состаноци на Извршниот комитет, Централниот комитет и пратеничката групата.

Актуелно

(Видео) Шекеринска e поголем лaжгo од Зоран Заев

Денес на Јутуб беше објавено видео кое ги демантира сите обвинувања на Радмила Шекеринска кон Инфомакс за ширење на...

Се намалува бројката, 78 нови зapaзени од Koвид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на позитивни на Ковид-19. Во истиот период се починати пет...

(Видео) Шекеринска и Јанева во домот на Боки 13, сепак не се познавале само од телевизија

На мрежата Јутуб се појави видео на кое што се гледа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во друштво на Катица Јанева и...

(Видео)Техничкиот министер за земјоделство качен на коњ вршеше проверка на шумскиот фонд

Ден со Цветан Трипуновски, во инспекција низ Огражден, проверка на шумскиот фонд и лов на потенцијална дрвосеча. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/745665222864670/

Во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Прилеп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Прилеп. Cледете во живо: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/360493781586587/

Повеќе вести