Има 50 години, ги избегнува овие работи, и изгледа многу помлада: Дознајте ја тајната на Џенифер Лопез

  • May 4, 2019

Џенифер Лопез која изгеда совршено и со нејзините 50 години, докажа дека годините се само број, особено кога станува збор за водење активен животен стил.

Неодамна, Џенифер откри дека нејзината дневна рутина е едноставна и затоа ги избегнува овие три работи за да се чувствува добро и изгледа младо.

Кофеин

Џенифер се грижи за своето тело со години, и ова се гледа. Тешко е да се замисли еден ден без чаша кафе, но Џенифер одлучи да живее без кофеин, така што нејзината кожа ќе изгледа помлада.

Алкохол

Пиењето чаша вино за многумина не е штетна навика, но Џенифер, исто така, избегнува алкохол. Таа се обидува да јаде здрава храна, да пие доволно вода и да медитира секое утро. Последиците од прекумерната конзумација на алкохол се полоши кај жените отколку кај мажите, а Лопез е свесна за тоа.

Недостаток од сон

Сите знаеме колку е важно убаво да се наспиеме во текот на ноќта за да можеме нормално да функционираме, без анксиозност и стрес, и да го забавиме стареењето.

Со нејзиниот пример, начин на живот и прифаќање на облините, Џенифер ги постави темелите за многу млади жени кои се уште се борат и се обидуваат да најдат вистински начин да го прифатат нивното тело.

Претходно «
Следно »