ИМ ТЕКНА, АМА ДОЦНА: Министерството за здравство избриша слика од Фејсбук, откако им текна дека се гледаат запалени цигари во канцеларија

  • March 21, 2018

На социјалните мрежи кружи фотографија на која очигледно се гледа дека во канцеларијата на директорот на Клиничката болница во Тетово не се почитува законот за пушење. И пред да биде донесен овој закон беше строго забрането пушењето во болничките објекти со цел да се заштити здравјето на пациентите кои се во лоша здравствена состојба.

Десетина минути откако беше поставена фотографијата најверојатно по реакција во коментарите на фотографијата на која јасно се гледа дека се пуши во канцеларијата на директорот Флорин Бесими, фотографијата беше отстранета.

Пред само неколку дена на социјалните мрежи се појави и фотографија од Заев кој пуши во затворен простор односно во кафеана. Безаконието е насекаде, а оние кои треба да бидат пример за граѓаните се првите кои не ги почитуваат.

Претходно «
Следно »