Интернет ekсплорер заминува во историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ денеска соопшти дека на 15 јуни 2021 година ќе го затвори „Интернет експлорер“ (Internet explorer) и ќе се фокусира на „Еџ“ (Edge) за да се обиде да парира на водечката позиција на „Гугл хром“ (Google Chrome).

„Интернет експлорер“ е лансиран во 1995 година и доминира на пазарот на пребарувачи повеќе од 10 години, спакуван во „Виндоус“, што клиентите често го инсталираат на новите компјутери.

Пред две децении, „Мајкрософт“ беше обвинета поради тој пакет, а американски судија пресуди дека компанијата ги прекршила правилата за конкуренција.

„Мајкрософт“ ја обжали пресудата, но повисокиот суд ја потврди, а компанијата продолжи да го инсталира „Интернет експлорерот“ во „Виндоус“.

Кон крајот на 2000-те, позицијата на „Интернет експлорер“ беше загрозена од „Гугл хром“, а пребарувачот на „Mајкрософт“ стана предмет на безброј мемови кои ја исмеваа неговата бавност во споредба со конкуренцијата. За да одговори на конкуренцијата, „Мајкрософт“ го претстави пребарувачот „Еџ“ во 2015 година, што ја користи истата технологија како „Гугл хром“.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This