ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ИСКОМПЛЕКСИРАНИОТ: Во Собранието поднесена интерпелација за работата на Димитров

  • December 8, 2018
  • Коментари

Денес во архивата на Собранието на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела интерпелација за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

После комеморативната седница на Собранието, пратеничката група на главната опозициона партија одржала координација на која уште еднаш бил изразен револтот што со пратениците го споделиле повеќе граѓани кои се почувствувале крајно навредени од понижувачката изјава на министерот Димитров во која од собраниската говорница тој рече дека кога станува збор за македонската нација “се работи за нација со комплекс“, која талкала по минатото бидејќи не си го знаела својот идентитет. Бурата на реакции во јавноста беше предизвикана од неговата реплика во парламентот која гласеше вака:

“Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“, кажа Димитров.

Во образложението за интерпелацијата на Диммитров се потенцира: пониживачкиот однос кон македонската нација, нарушувањето на достоинството на македонскиот народ и навредата кон сите граѓани како припадници на нацијата.

Интерпелацијата за работата на Никола Димитров ги наведува и членовите 2 и 9 од Уставот на Република Македонија, за кои потпишаните пратеници од страна на опозицијата сметаат дека се прекршени со арогантната изјава за “искомплексираната македонска нација“.

Во образложението потпишано од пратениците се вели дека министерот Димитров функцијата ја врши несовесно и со потценување на народот и граѓаните како носители на суверенитетот во државата. Од Собранието, согласно Уставот и собранискиот Деловник, се бара да се расправа по оваа интерпелација и да се утврди моралната, политичката и професионалната одговорност на министерот Димитров. Според Деловникот, спикерот Џафери треба да го извести министерот за поднесената интерпелација во текот на истиот ден во кој е доставена, т.е. петок, 07.12.2018 година.

Во изминатиов период министерот Димитров беше во центарот на вниманието и во однос на аферата поврзана со стипендијата за неговата ќерка, за која медиумите известија дека сумата изнесува 40.000 евра секоја година. Одлуката за формирање на комисијата за стипендии и самата одлука за доделување на стипендија на ќерката на министерот Димитров биле донесени и потпишани експресно во само еден ден, од страна на министерството за обазование. Дилемата која се отвори во јавноста е дали постои конфликт на интереси доколку владата во која членува министерот Димитров и додели висока стипендија на неговата ќерка, и дали брзината на доделувањето на стипендијата има врска со тоа што министерот Димитров бил во блиски односи со тогашната колешка министерка за образование? И второ, дали и зошто стипендијата вклучува и трошоци за сместување на ќерката на Димитров во Холандија, доколку се знае дека министерот поседува стан од 132м2 во главниот град на оваа земја, каде што впрочем живее и неговата сопруга и неговото семејство.

Претходно «
Следно »