September 25, 2020, 5:30 pm

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТЕВДОВСКИ: Македонија не може да си дозволи неспособен човек на оваа клучна позиција!

Поврзано

Николоски: Поради неспособноста на Заев милиони тони грозје скапува, ВМРО-ДПМНЕ бара организиран државен откуп на истото

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа во Сопот оствари средба со лозарите кои имаа проблем со откупот на грозјето. -Ние...

(Видео) Стефановски: Над 100.000 гpaѓaни живeaт co 50 дeнapи нa дeн и нeмаaт за лeб, а Заев тpoши милиoни за koндoми

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а немаат ниту за леб, а Заев дава...

Пендаровски да не измислува флоскули и да застане на страна на македонскиот народ, неговата историја, идентитет и најголемиот јунак Гоце Делчев

Граѓанската опција за Македонија излезе со соопштение за јавносто и медиумите по повод вчерашната изјава на Претседателот на државата,...
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието на Република Македонија, денеска поднесе интерпелација за работата на министерот за финансии Драган Тевдовски.

 

-Министерот за финансии односно министерот за кратење и задолжување Драган Тевдовски со своето конфузно, неодговорно и некомпетентно работење во овие седумдесетина дена откако ја извршува оваа функција докажа пред нас пратениците и целата македонска јавност дека е поставен од страна на Зоран Заев единствено со цел да ги споведува погубните политики на СДСМ. Единствено за што се грижи министерот за кратење и задолжување Драган Тевдовски е обезбедување на средства со кои на големо се спроведуваат партиските вработувања во државните и јавни институции додека потребите на граѓаните воопшо не се ни разгледуваат. Поради демонстрираното незнаење и неспособност да ја извршува оваа фукција сметаме дека е потребно што поскоро Драган Тевдовски да заминине од оваа функцијата Министер за финансии и на негово место да дојде способен министер кој што нема да прави катастрофални грешки во работењето. Македонија не може да си дозволи неспособен човек на оваа клучна позиција, истакна Лилјана Кузмановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Како клучни причини за поднесување на Интерпелацијата за работата на Тевтовски, додаде таа, го потенцираме целосно неразвоен ребаланс на Буџетот за 2017 година, значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници во Собранието на Република Македонија и манипулирање со економски податоци, параметри и индикатори.

-Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште во периодот на разгледување на ребалансот на Буџетот за 2017 година испрати голем број на апели до министерот Драган Тевдовски да се корегира и да го промени овој неразвоен и непродуктивен Буџет. Имено, со Буџетот којшто го изгласа тенкото парламентарно мнозинство се донесе Буџет којшто не гарантира никаков раст, туку напротив ќе доведе до забавување на развојот на економијата што може да доведе до целосна стагнација. Ребалансот на Буџет за 2017 година кој што го предложи Тевдовски е лош за граѓаните, лош е за фирмите, лош е за странските инвеститори, лош е за домашното стопанство, лош е за пензионерите, лош е за градежништвото, лош е за студентите и младите лица, генерално лош Буџет за преостанатиот период од годината за сите претходно набројани категории, освен за луѓето кои веќе ги партизираат институциите т.е. се  вработуваат како резултат на нивното дејствување за потребите на СДСМ, подвлече Кузмановска и додаде:

„Се кратат многу средства опремување и модернизација во АРМ, за реформи во полиција, помалку за технолошки индустриски развојни зони, оние зони каде што се отворија над 22 илјади работни места во минатите 4-5 години, помалку за инвестиции во животната средина, помалку за финансиска поддршка на рурален развој, помалку за градежни објекти од ставката  изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита, односно помалку за изградба и одржување на детски градинки, помалку за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица, помалку за изградба на новите згради на ФИНКИ и ФФК, помалку за проект за превод на книги од реномирани автори, помалку за изградба и реконструкција на основни училишта, помалку за изградба и реконструкција на средни училишта, помалку за изградба и реконструкција на студентски домови, помалку за заштита на културното наследство на Република Македонија, како и кратење на средства од многу други проекти од значење на граѓаните.“

Освен, рече Кузмановска, значителното кратење од битни проекти за граѓаните, министрот за кратење и задолжување спроведува неконтролирано, засилено и неосновано задолжување на домашниот пазар.

-За само 70 дена министерот за кратење и задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3100 денари, односно 50 евра. На дневна основа министерот за ја задолжува Македонија за 1.471.104 евра. Исто така со ребалансот на Буџетот за 2017 година се предвидени дополнителни 48 милиони евра повеќе за задолжување на домашниот пазар отколку што проектирала претходната Влада, со што ќе се испумпаат 48 милиони евра од стопанството, од банките, од приватните инвеститори, средства коишто може да им помогнат на голем број на мали и средни претпријатија, иноватори и големи претпријатија за проширување на своите капацитет доколку би ги имале на располагање. Потврда за лицемерието на СДСМ и Тевдовски оди дотаму што пред само една година го оспорија издавањето на еврообрзницата, за денес да го зголемат износот предвиден за издавање  на обврзница на меѓународниот финансиски пазар. Освен покажување на крајна непрофесионалност и незнаење Тевдовски покажа и непочитување на народните претставници во Собраниетот на Република Македонија – Министерот за кратење и задолжување Тевдовски не прифати ниту еден од предложените 840 амандмани поднесени од пратениците во Собранието на Република Македонија. Тевдовски не прифати ниту едно барање, ниту една потреба на граѓаните, покажувајќи подреденост на партиските политики и желби на Зоран Заев.

Според Кузмановска, во досегашното работење Тевдовски манипулирал со економските податоци, параметри и индикатори.

-Со предложениот ребаланс на Буџетот за 2017 година, министерот Тевдовски, предлага намалување на економскиот раст на 2,2% притоа задржувајќи го нивото на буџетски дефицит и во апсолутни и во релативни бројки на исто ниво. Имено, во последниот извештај од реномираната кредитна рејтинг агенција Фич предупредуваат дека дефицитот ќе достигне ниво од 3,3% наспроти предвидените 2,9 од Министрството за финансии со што ќе се надмине критериумот од Мастрихт за буџетски дефицит под 3%. Дополнително, Министерството за финансии проба да го скрие задолжувањето од 08.08.2017 година по основ на издадените државни обврзници во износ од  1.387.640.000 денари или над 22 милиони евра. Поради наведените причини сметаме дека министерот за кратење и задолжување Драган Тевдовски не ја оправдува довербата што му ја има дадено Собранието на Република Македонија. Министерот Тевдовски покажува конфузност и неспособност во работењето на една од најбитните државни функции и последиците од таквото однесување ќе го почуствуваат сите граѓани и стопанството во целина и поради тоа поднесуваме интерпелација што ќе значи политичка и професионална одговорот за министерот за финансии Драган Тевдовски.

Latest News

Од понеделник почнува исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите...

Да го спacиме Преспанското Езеро: Петиција за спроведување итни мерки за cпас на Преспанското Езеро

Повеќе граѓански здруженија, асоцијации, друштва, активисти на еколошки движења денеска покренаа петиција за спас на Преспанското Езеро, со упатени конретни барања до Владата на...

Уkpaден пиштoл од работилница во Валандово

Во Полициската станица Валандово вчера во 13:15 часот, М.Д.(53) од Валандово пријавил дека во периодот од 23:50 часот на 22.09. 2020 до 19:00 часот...

Избран новиот заменик претседател на Советот на јавни oбвинитeли

Обвинитeлот Арбер Исаку ќе биде заменик претседател на Советот на јавни oбвинитeли во следните две години. Одлука за избор на заменик претседател на Советот...

Издaдено пpeдупрeдување за поројни дождови со град во делови од Западен Балkaн

Европскиот систем за пpeдупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде прeдупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел...

More Articles Like This