November 27, 2021, 10:18 am

Интepecoт зa вakцинaциja ceкojднeвнo pacтe – дoceгa вкyпнo ce вakциниpaлe 259.935 гpaѓaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 450.634 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Latest News

Загриженост во Европа – колку сегашните вакцини се моќни против „Омикрон“?

Здравствената служба на ЕУ смета дека новата варијанта на ковид која се појави во Јужна Африка може да се...

More Articles Like This