October 18, 2021, 3:07 am

Интepecoт зa вakцинaциja ce згoлeмyвa: Вчepa ce aплициpaни 14.763 вakцини, дoceгa вakциниpaни 236.878 гpaѓaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433 787 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236 878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14 763 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Во државата вкупно се аплицирани 331 034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94 156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

– Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски” во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, стои во соопштението од Министерството за здравство од каде апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This