ИНФОМАКС ЕКСКЛУЗИВНО ДОЗНАВА: Тодоров, Александрова и Богојески на конгресот на ЕПП присуствуаат со студентски покани!

  • November 8, 2018

Ексклузивно Инфомакс дознава Никола Тодоров и Петар Богојески молеле да добијат покана како гости на ЕПП и да бидат меѓу 3000 гости од кои најголем дел се студенти!

 

На Конгресот на ЕНП има 758 делегати, и 3,000 гости. ВМРО-ДПМНЕ има четири делегати кои учествуваат во работниот дел на Конгресот со право на глас, и тоа се Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Потпретседателот Александар Николоски, Меѓународниот Секретар Влатко Ѓорчев и Советникот за меѓународна политика Тимчо Муцунски.

 

Инфомакс дознава дека со молење и буквално спамирање со огромен број пораки до надлежни во ЕПП Тодоров, Богојески и Александровска обезбедиле студентски покани за да бидат меѓу 3,000 гости од кои најголем дел се студенти коишто после Конгресот пишуваат блогови и семинарски трудови за нивни искуства од истиот.

Останува непознато дали Тодоров, Богојески и Александровска ќе пишуваат семинарска или блог во врска со нивните впечатоци и присуство на неофицијалниот дел од конгресот на ЕПП. Но има едно нешто што студентите не го прават, а тоа е не застануваат луѓе по ходници да се сликаат со нив. Зошто? Едноставно, бидејќи е срамота!

Претходно «
Следно »