ИНФОМАКС СЕ ВРАТИ: Еве што се случуваше во изминатите неколку дена и зошто не функционираше Инфомакс.мк!

  • April 22, 2016

„Во време на измама, кажувањето на вистината се смета за револуционерен акт“ – рекол Џорџ Орвел и ја дал апсолутната дефиниција за тежината врз плеќите на оној кој ја кажува вистината, и не се плаши истата да ја сподели со оние кои се засегнати да ја знаат

infomax_censored

Се започна по објавувањето на колумната на Наталија Ивчева на iNFOMAX.mk во која се зборуваше за притисокот врз Претседателот Иванов од страна на странските амбасадори да ја потпише аболицијата, со што тие всушност би се аболирале себеси. Оваа констатација произлезе од фактот дека доколку нема обвинети за „Пуч“ процес во кој требаше да се изнесат докази за тоа која држава и служба прислушувала во Македонија и кој сакал да направи државен удар, фрлајќи ја земјата во војна, тогаш целиот свет ќе дознаеше кој стои зад кризите во Украина, Сирија, Египет и други кризни жаришта.

Ден подоцна, беше цензурирана најгледаното политичко шоу „Миленко Неделковски шоу“ кое беше делумно цензурирано. Имен, гостите и водителот беа цензурирани на секоја употреба на зборвите „Бејли, Амбасадата, САД, чадорот, Америка, Италијански амбасадор, Германски амбасадор, Германија“ итн. За оваа цензура немаше никакво објаснување од надлежната институција која единствено има право да цензурира, а тоа е Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги.

Веднаш потоа, на iNFOMAX.mk беа цензурирани неколку десетина текстови во кои во негативна конотација беа споменати НАТО, САД, Америка, ЕУ, западни амбасадори, меѓу кои текстови и колумната на Стевчо Јакимовски и Наталија Ивчева. Само два дена подоцна, целиот сајт да биде онеспособен.

Согласно информациите од ИТ форензичарите кои ги добивме, се работело за упад при што биле избришани базите на податоци. Значи сите текстови, речиси целата архива повеќе не постојат. Но, тоа нема да не спречи, одново да продолжиме да ја шириме вистината, затоа што како што Орвел рекол „Во време на измама, кажувањето на вистината се смета за револуционерен акт“!

Им благодариме на многубројните верни читатели, за нивната поддршка и илијадниците пораки со понуда за помош. Воедно им благодариме и на оние кои бришењето на инфомакс им дојде како олеснителна околност, па ни се закануваа и ни посакуваа никогаш да не проработиме, или пак смрт. Ни дадовте до знаење дека вредиме многу, и дека сме на правиот пат!

Директор
Александар Митовски

Претходно «
Следно »