ИН МЕМОРИАМ: Пoчинa тромбонистот Ѓорѓи Стефановски

  • September 13, 2019

По кусо боледyвање, вчера на 79-годишна возраст починaa Ѓорѓи Стефановски, еминентен професор во пензија на Факултетот за музичка уметност во Скопје и поранешен тромбонист во Филхармонијата.

Ѓорѓи (Јорго) Стефановски е роден во Битола во 1940 година. Музичка академија завршува во Љубљана каде живее и работи осум години. По враќањето во нашата држава е долгогодишен тромбонист во Филхармонијата и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил член на познатиот квартет „Рибарски“.

Стефановски важи за исклучителен педагог кој вложил во музичкото образование на многу генерации музичари-тромбонисти, кои и денес се столбот на сите професионални ансамбли во земјава. Несебично помогнал во развивањето и негувањето на музичката култура во земјава и ужива висока почит кај студентите, колегите и пријателите во земјата и странство.

Погребот на Стефановски ќе се одржи денеска во 14:30 часот на Градските гробишта Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во 13:30 часот.

Претходно «
Следно »