Инcпeктopитe нaпpaвилe нaд 5000 кoнтpoли зa ceдyм дeнa, ocyм угocтитeлcки oбjeкти зaтвopeни

Поврзано

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpekpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката...

Биотepopистите го напуштија Cобранието

Пратениците за биотериризам го напуштија Собранието откако успеаја д аго привлечат медиумското внимание и од седница која требаше да...

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ, ГЛАСАА И ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВО CKAФАНДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА KOPOHAВИРУС

Собранието денеска ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од...
- Advertisement -

Инспекциските служби во периодот од 29 март од 4 април спровеле вкупно 5.236 надзори и контроли. За констатираните неправилности изречени се решенија, прекршочни пријави и платни налози. Директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска апелира до угостителските субјекти и до граѓаните да ги почитуваат новите рестриктивни мерки, а ги охрабрува инспекторите да вршат засилени контроли.

– Ова е период кога сите треба да дадеме максиум во битката со вирусот. Видовме дека овој бран на вирусот е многу поопасен и многу побрзо прогресира и затоа е клучно огранучувањето на бројот на контакти и почитувањето на мерките, рече Филиповска-Грашковска на денешната прес-конференција во Владата.

Во изминатиот седумдневен период од страна на пазарните инспектори извршени се над 4.500 контроли и надзори при што изречени се 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози.

Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколот за работа. По два угостителски објекта се од Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово.

– Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите овие случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози, истакна Филиповска-Грашкоска.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во текот на минатата недела извршил 92 контроли при што изречени се 17 решенија. Во овој период, издадени се и 13.957 решенија за изолација на лица кои биле заболени од коронавирусот и на лица кои биле во контакт во заболени.

Инспекторите за труд изрекле 16 решенија од кои девет за непочитување на протоколот за превентивни мерки. Изречени се и пет платни налози за пет вработени кои не носеле заштитна маска. Вкупно овој Инспекторат извршил 341 надзор.

Во областа на транспортот не се констатирани неправилности во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколите за превоз на патници. Извршени се вкупно 30 надзори, а изречени се две прекршочни пријави и еден прекршочен платен налог кои се однесуваат на непочитување на материјалните закони.

Агенцијата за лекови при извршените контроли не констатирала неправилности, а Агенцијата за храна и ветеринарство од вкупно извршените 220 надзори, издала осум решенија, 15 едукации и две прекршочни платни налози по различен основ.

Државниот инспекторат за животна средина изврши 39 надзори при што за констатираните неправилности издал две решенија во врска со  управување со отпад. 

Latest News

Албанија и Косово ќе формираат федерација, Курти ветува референдум за федерализација

При посета на Албанија во Март годинава, новиот Косовски премиер, Албин Курти, ги повика Албанците да гласаат за промени...

More Articles Like This