ИРАН НЕМА ДА ЧЕКА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗАКАНИТЕ: Заканите на Трамп ја поставуваат сцената за воен конфликт со Иран?

  • April 25, 2018

-Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран и неговата повторна критика за нуклеарниот договор може лесно да доведат до воена конфронтација, објави претседателот на Националниот иранско американски совет Трита Парси.

Трамп за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот предупреди дека Иран ќе има “поголеми проблеми” од кога било досега, ако се обиде да ја рестартира својата нуклеарна програма.

“Трамп се заканува со војна ако Иран повторно ја рестартира својата нуклеарна програма од една страна, додека тој го раскинува самиот договор со кој се спречува Иран да набави нуклеарно оружје од друга страна”, вели Парси. “Ова е повеќе од војна на зборови, Доналд Трамп нè припрема за многу реален воен конфликт”.

За време на истата прес-конференција, Макрон, кој е во Вашингтон на официјална државна посета, рече дека Трамп не треба да го раскине иранскиот нуклеарен договор, исто така познат како (JCPOA), туку треба понатаму да го развива.

“Макрон и Европа изгледаат подготвени да ја свиткаат кичмата за да го спасат нуклеарниот договор и да ја спречат катастрофата”, вели Парси. “Кога нашите најблиски сојузници симултани ќе го вклучат алармот, треба да го слушнеме. Трамп треба да се повлече додека тој е во предност и да ја потврди посветеноста на САД кон JCPOA пред да биде премногу доцна”.

Претседателот на САД претходно го опиша нуклеарниот договор со Иран, кој беше преговаран од страна на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, како можеби најлош договор во историјата на САД и се закани дека САД ќе се повлече од договорот ако не биде променет.

На 14 јули 2015 година, Кина, Германија, Франција, Русија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави – го потпишаа договорот попознат како JCPOA со Иран. Договорот предвидува постепено укинување на анти-иранските санкции во замена Техеран да ја одржува мирната природа на својата нуклеарна програма.

Претходно «
Следно »