ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА И ВО ТЕТОВО: Во регионот на шарпланинските села нема струја!

  • October 29, 2017

На гласачко место во Тетовско заради немање струја во регионот на Шарпланина гласачкиот процес би можел да биде доведен во прашање, јавува Телевизијата АЛСАТ-М.

Според телевизијата, Локалната изборна комисија од гласачкото место е во постојан контакт со екипите на ЕВН, од каде добиле информација дека се работи на отстранување на дефектот. Засега нема подетални информации кога би можел да биде проблемот комплетно отстранет.

Инаку, во Тетово до 16 часот гласањето се одвива тековно и без изборни нерегуларности.

 

Претходно «
Следно »