ИСКРШЕНИ ДВА ШТАБА НА СДСМ ВО ПРИЛЕП: Полицијата трага по лицата кои демолирале две локални канцеларии на СДСМ во Прилеп

  • September 19, 2018

Две канцеларии на локалните ограноци на СДСМ биле искршени во текот на ноќта од засега непознати лица, информира полицијата


Штабовите биле демолирани во временски период од еден час, а најпрво било пријавено дека е скршен штабот во населбата „Точила“, а еден час подоцна и на улицата „Орде Чопела“ во Прилеп.

Информацијата ја споделија и од МВР во дневниот билтен, од каде велат дека во тек е истрага за сторителите.

„На 19.09.2018 година околу 09.40 часот во населба .„Точила“ во Прилеп, пријавено е оштетување на општинска канцеларија на политичка партија СДСМ, при што со камен скршено е едно стакло. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.09.2018 година околу 08.30 часот на улица „Орде Чопела“ во Прилеп, пријавено е оштетување на општинска канцеларија на политичка партија СДСМ, при што се скршени две стакла. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во полицскиот билтен.

Претходно «
Следно »