ИСМЕТ РАМАДАНИ Е НОВИОТ САШО ТАСЕВСКИ: Професорот Апасиев одржа лекција по уставност на закони и двојазичност

  • March 23, 2018

Професорот Димитар Апасиев уште еднаш ја разобличи уставноста на Законот за двојазичност. Во вечерашната емисија Само Вистина на Канал 5 со факти Апасиев повеќе пати прикажа во кои аспекти Законот ги надминува рамките на уставот. Тој истакна дека сферите во кои се користи албанскиот јазик се дефинирани со Уставот и не смее да се дозволи да се ништи Уставот.

-Уставот дефинира во кои сфери треба да биде употребен албанскиот јазик. Албанскиот јазик се употребува во органи на државната власт. Пожарникарите државна власт ли се? Здравството државна власт ли е? Поштенските марки државна власт ли се? Уплатниците, фискалните сметки тоа не е државна власт. Власт е се знае Собрание носител на централната власт. Законот ги надминува уставните граници кои ги дава уставотворецот во Амандманот 5. Тоа се пет сфери. Не може вие сега да го ништите уставот. Има уставно дефинирани основи, вели Апасиев.

„Само вистина“ 23.03.2018

„Само вистина“ со Исмет Рамадани и Димитар Апасиев – Закон за јазици – кој е на потег?

Posted by Канал 5 Телевизија on Friday, 23 March 2018

Претходно «
Следно »