Историските комисии потпишаа еден од спорните записници

Поврзано

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

Пановски пpeдупрeдува: Бoлниците се гнездо за вирусот, брисови да се земаат на отворено

Трет бран веќе постои, не очекувам да биде посилен од вториот, вели микробиологот и професор на Медицинскиот факултет, Никола...

Coфтвep за попиcoт е бугapcка донациja, менаџер на фирмата е некогашната советничка на Кочо Анѓушев

Државниот завод за статистика во 2019-та избрал конзорциум од три фирми за апликација за попишување на населението во рамки...
- Advertisement -

На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓуМакедонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата.

– Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија истите извори.

Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од десеттата и за записникот од последната, единаесеттата средба на Комисијата.

Како што претходно јави МИА, на денешниот онлајн состанок, на кој учествуваа по тројца претставници од двете страни, беше предвидено да се разговара само за текстовите на записниците што сè уште не се потпишани, но не и за некакви историски прашања.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци. Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 4 декември минатата година

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This