ИСТОЧНА ГУТА КАКО СРЕБРЕНИЦА: Британска новинарка ја открива бруталната вистина за вмешаноста на НАТО и САД во Сирија!

  • February 24, 2018

Британскиот весник „Гардијан“ неодамна в свој текст објави дека Источна Гута се претвара во сириска „Сребреница“ и дека, откако пропаднале мировните преговори на крајот на 2017.годиа локалното население е оставено без заштита. За реалната состојба за Спутник зборуваше независната британска новинарка Ванеса Били, која помина долго време во Сирија


Медиумите пишуваат дека САД и нивните сојузници се обидуваат да ги заштитат цивилите во Источна Гута. Дали е тоа навистина така?

– По однос на пишувањата на „Гардијан“, но и многу други, мене ми изгледа дека е неопходно да истакнам дека западните медиуми настапуваат сензационалистички кои одат во прилог на делувањето на НАТО. Легитимната борба на сириската војска против терористичките групи, вклучително и делувањето на Ал Каеда, западните медиуми погрешно го прикажуваат. Дотолку повеќе, западните медиуми ги порекнуваат ѕверствата против сириските цивили како нападите на бомбаши-самоубијци или „дожд“ од бомби и гранати во густо населени стамбени населби во Дамаск, кои во меѓувреме станаа станица за бегалците не само од Источна Гута, туку и од други источни делови на земјата. Тие терористички групи кои постојатно отвараат оган по цивилите и тоа најнарпед по ученици или старци или гранатираат стамбени населби, исто така буквално фаќаат луѓе по улица и потоа ги држат затворени или дури и во кафези и ги приморуваат на глад, или ги користат како „жив ѕид“.

За време на мојот претстој во Дамаск, дознав многу за проектите кои ги реализираат сириските власти, заедно со Црвената полумесечина на Сирија, руските хуманитарни организации и низа сириски невладини хуманитарни организации кои константно работат на евакуација на цивили. Исто така, сите тие организации пружаат медицинска помош на оние кои биле спасени од тие ужасни затвори или кафези на терористите.

Затоа би сакала да поставам прашање на жителите на државите-членки на Северноатлантската алијанса: вие да живеете во град под опсада на терористи кои се финансирани од страна на НАТО и терористите секојдневно да убиваат цивили и да вршат етничко чистење, дали би се спротивставиле на обидите на легитимната војска на вашата држава да го ослободат тој град?

– Знаете тоа е војна! Тоа е ужасна војна. А кој го зготви целиот тој хасо и го доведе сирискиот народ во таа страшна ситуација? Не, тоа не се сириските власти, туку владите на државите членки на НАТО и нивните сојузници Израел и Саудиска Арабија и многу други помали сојузници, кои за жал ги имаат по целиот свет.

Као вие го оценувате споредувањето на трагедијата во Источна Гута со Сребреница, која ја направи „Гардијан“?

– Тука, по мое мислење, се работи за поддршка на воената кампања, која ја спроведуваат западните медиуми. А кампањата, секако се води како врста на оправдување за се она што тие го прават на терен, односно, оправдување на финансирањето и вооружувањето на терористички групи. Инаку, од каде на тие терористи храна и муниција?

Мислам дека таа приказна и споредувањето со Сребреница, и споредбата со други апокалиптични случки, тоа е само уште еден начин како мејнстрим западните медиуми го подговуваат населението за ескалација на судирите, бидејќи наскоро ќе следи повик да се „засили отпорот и борбата против противникот“. А „забораваат“ да објаснат дека прочуените „Бели шлемови“ се во спрега со Ал Каеда и дека ги финансира Лондон.

Мислам дека доаѓаме до многу опасен клучен момент на оваа војна и неопходно е да има „ладни глави“.

Зошто западните медиуми ги игнорираат, премолчуваат фактите дека стотици илјади цивили биле и понатаму се во некои делови на земјата заложници?

– Мислам дека можат да предвидам неколку моменти во врска со ова прашање. Како прво, гледаме или веќе видовме некои докази дека најверојатно „Белите шлемов“ наскоро ќе направат некоја нова провокација во источното предградие на Дамаск и во Идлиб. Видовме 3 цистерни со хлор кои влегоа во градот Илдиб и постојат јасни показатели дека најверојатно се подготвува диверзија. Исто така, мислам дека би требало да истакнам дека американската коалиција заедно со заливските земји и Израел е загрижена поради фактот кој би можел да биде откриен по ослободувањето на регионот кој е сеуште под контрола на терористите, тука највеќе мислам на Идлиб и Гута и источните приградски населби на Дамаск.

Совршено е јасно дека некој целото ова време ги снабдувал терористите со муниција, опрема и храна. Исто така, делувањето на терорисите некој го управува, тоа не е никаква стихијска акција. Затоа, мојата претпоставка е дека ќе бидеме сведоци на нови рушења, дали на складишта или стратешки згради или делови од градот. Исто така не знам дели САД на крајот ќе го направи она што секогаш го прави – да започне воена офанзива.

Претходно «
Следно »