ИСТО **АЊЕ, ДРУГО ПАКУВАЊЕ: Дојче Васиљ или Влада Веле? Роберт, прибери си ги чедата, да не се бламираат на јавна сцена!

  • August 7, 2017

Денеска два мегафони на власта, од кои еден директно вработен во неа, излегоа со ИДЕНТИЧЕН став во јавноста, како да не го прочитале брифингот и насоките од Бихачка кој што треба да објави денес на интернет, додека глумат во улогите а) Влако Васиљ, независен активист случајно вработен во влада и б) Дојче Веле, слободоумен портал кој ја бара вистината.

И Васиљ и Дојче Веле „потресени“ затоа што додека нивниот раководител на смена Зоран Заев се ашка по кафани во Охрид, лидерот на опозицијата Груевски се појави на терен кај што има пожари при што со професионалци, со градоначалните од неговата партија, со службите кои помагаат тука дискутираа за стуацијата. Притоа, сите заеднички констатираа дека реакцијата на државата е нула во споредба со начинот на кој се реагираше во минатото во вакви моменти.

И додека Груевски беше на терен, Заев го завршуваше одморот во Охрид во кој изгледа не му се излегуваше од кафана, па дури и еден од најважните јавни настапи во историјата на оваа држава, прес-конференцијата за презентација на законот со кој Заев и коалиционите го направија албанскиот втор службен јазик во Македонија, односно Македонија двојазична држава – го одржа пред кафана.

Едниот со директна одговорност во кафана, другиот иако лидер на опозиција – на терен. Тоа беше претешко да голтање дури и за широки грла како Влатко Васиљ или добропознатото врело за соросови нарачки Дојче Веле претставено од еден верен одработувач за СДСМ Кате Блажевска, па и двата извори излегоа со идентичен наслов во обид да се релативизира настапот на Груевски. Се според насоките од министерството за пропаганда на СДСМ.

„Кате и Васиљ, ти реков“, наредниот пат уклучете ја сијалицата кога пишувате за батерии.

Претходно «
Следно »