ИСЧЕЗНАА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО СКОПЈЕ: Исчезнаа штитеници од „СОС Детско село“

  • April 29, 2018

Два случаи за исчезнати малолетници пријавени вчера во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден во 11:30 часот во Полициската станица Гази Баба В.Г.(57) вработена во СОС „Детско село“ пријавила дека на 27.04.2018 година во непознат правец се оддалечила нивна 16 годишна штитеничка.

И вториот случај исто така бил пријавен вчера. Во 14:30 часот во Полициската станица Чаир С.С.(36) вработен како социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавил дека на 27.04.2018 година нивен 17 годишен штитеник заминал кај неговата баба во Делчево и не се вратил во Установата. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Претходно «
Следно »