Италија ги отвара границите за туристи

Поврзано

Италија гo kaзни Гугл co нaд 100 милиoни eвpa – eвe кoja e пpичинaтa

Италија ќе го казни Гугл со повеќе од 100 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција, соопшти денеска телото...

За прв пат жена застана на чело на тајната служба во Италија

Италијанскиот премиер Марио Драги ја назначи дипломатката од кариера Елизабета Белони на чело на тајната служба, со што таа...

Шпанија најави отворање за туристите од земји надвор од ЕУ

Патниците надвор од Европската Унија ќе може рекреативно да ја посетуваат Шпанија од 20 мај, рече министерот за туризам,...
- Advertisement -

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска рече дека очекува туризмот во Италија да продолжи кон средината на мај, кога земјата се отвора за меѓурегионални патувања.

Говорејќи на крајот од состанокот на министрите за туризам од групата 20 најбогати нации, Драги рече дека системот за здравствени пасоши на Европската унија ќе биде подготвен и во оптек до средината на јуни, со што ќе се олесни патувањето низ континентот.

-Го чекаме европскиот сертификат … имаме национална зелена пропусница која ќе им овозможи на луѓето да се движат од регион во регион и ќе може да функционира до средината на мај, така што не треба да чекаме до средината на јуни за ЕУ пропусница, рече Драги.
Тој додаде дека во средината на мај туристите можат да добијат италијанска пропусница.
-Затоа, време е да ги резервирате своите одмори во Италија, рече тој.
Италија е осма земја во светот според бројот на заразени од коронавирус, има повеќе од четири милиони од почетокот на пандемијата.
Повеќе од 121.000 луѓе починаа во земјата, по што е шеста во светот. (МИА)

Latest News

Пoчинaлe 17 лицa, peгиcтpиpaни 123 нoвoзaбoлeни лицa вo изминaтoтo дeнoнoќиe

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови...

More Articles Like This