November 27, 2021, 10:34 am

Италија зaплeни милиoни пapчињa фaлcификyвaнa мeдицинcкa oпpeмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанските власти денеска соопштија дека заплениле неколку милиони парчиња фалсификувана медицинска опрема, особено од Кина, вклучувајќи маски и опрема за хирурзи.

Запленетата стока се проценува на повеќе од 11 милиони евра.

Првата операција на италијанската финансиска полиција беше насочена кон една веледрогерија во Фиренца, која во огромен магацин чувала повеќе од 16 милиони парчиња медицинска опрема со фалсификувана етикета или без никакви ознаки, се наведува во соопштението.

Опремата вклучувала хируршки маски, шприцеви, игли, облека за здравствени работници и хируршки комплети.

Повеќе од 650.000 хируршки маски биле без ознаки, како и 659 килограми суплементи – додатоци за храна во прав, и 500 000 капсули витамини и хијалуронска киселина.

Вредноста на запленетите предмети е приближно осум милиони евра.

Во втората операција, финансиската полиција запленила над 1,3 милиони хируршки маски од типот FFP2 и KN95, а другите имале кинески и сертификати кои не се од Европа.

Кинеските маски биле наменети за цивилна заштита на Ломбардија, се наведува во второто полициско соопштение во кое е прецизирано дека вредноста на запленетите маски е околу 3,2 милиони евра.

Latest News

Јувентус под истрага за проневера од 50 милиони евра?

Федералното обвинителство на Италија започна истрага против Јувентус, а првоосомничени се претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и...

More Articles Like This