ИТЕН СОСТАНОК ВО МАЛА РЕЧИЦА: Пред седиштето на ДУИ вриело од полиција поради итен состанок на партијата во 2 часот по полноќ

  • December 19, 2018

Доцна синоќа во два часот по полноќ се одржа итен состанок во седиштето на ДУИ во Мала Речица, дознава порталот на албански јазик „Лајм“. Според нивните информации, причината за овој итен состанок е скандалот откриен околу изградбата на албанскиот театар, каде што, наводно, биле украдени неколку милиони евра.

На средбата не биле поканети сите членови на претседателство, туку само најдоверливите лица на претседателот и неговата десна рака, кој е главниот осомничен во случајот на неколку милионската злоупотреба во албанскиот театар.

Десната рака на претседателот се заканил дека ако заврши во затвор, ќе ги каже имињата на другите инволвирани функционери, не исклучувајќи го ниту името на претседателот.

Во оваа финансиска злоупотреба е вклучена и потпретседателката.

За време на состанокот, во Речица, можеше да се забележи зголемено присуство на полициски сили, велат изворите за медиумот.

Претходно «
Следно »