ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај издаде предупредување поради опасност од воздушни удари во Сирија!

  • April 10, 2018

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) издаде предупредување за подрачјето на источниот Медитеран/Никозија поради можни воздушни напади на Сирија во наредните 72 часа

Претходно, воената морнаричка група на САД предводена од разурнувачот „Доналд Кук“ се позиционираше на 100 километри од руската база во Хмејмим и Тартус.

Веднаш потоа, рускиот Генералштаб издаде предупредување дека во случај на удар на нивните бази, или врз било кој објект на сириска територија во кои претстојуваат руски воени советници, ќе возвратни моментално со максимален ефект.

„Ќе ги срушиме и ракетите, но и авионите и бродовите од кои се истрелани“ – стоеше во соопштението на Генералштабот на Руската армија.

На Руската морнаричка група во Средоземието се придружи и Кинеската која командата ја предаде на руската војска.

Претходно «
Следно »