December 8, 2021, 4:30 am

Итaлиja јa пocтигнa цeлтa: Baкциниpaни 80 oтcтo oд нaceлeниeто нaд 12 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италија ја постигна целта за целосно вакцинирање на 80 проценти од населението над 12 години против корона вирусот, цел што Рим ја постави како безбедносна граница.

Според владината веб-страница, од вкупно 60 милиони жители, 43.229.551 лица постари од 12 години го завршиле својот циклус на вакцинација на 10 октомври.

Целта од 80 проценти беше поставена во март од специјалниот комесар за борба со епидемијата на корона вирусот, генерал Франческо Паоло Фиглиуоло.

Гвидо Раси, поранешен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА) и сегашен советник на Филиуолу, изјави дека тоа „не е само симболичен праг“.

Ова е нивото што пресметките покажуваат дека е во корелација со значително намалување на циркулацијата на вирусот и драстично намалување на хоспитализациите – изјави Раси.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This