March 29, 2024, 10:33 am

ИЦО НАЈДОВСКИ ДО ГЕНЕРАЛОТ АНГЕЛОВ:Среброљубец и лицемер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Активистот за човекови права Др. Ицо Најдовски со реакција на јавниот настап на генералот Стојанче Ангелов со неговиот колега Абедин Зимбери.
Најдовски најавува дека следниот пост за генeралот ќе биде жесток!„Стојанче Ангелов
Повеќе не можам да го поднесам твоето лицемерие и среброљубие! Заради тебе и Бранителите на Македонија од 2001 година и Законот кој требаше да се избориме да се донесе се вклучив безусловно во борбата на Достоинство, која едвај броеше 1.000 членови!

Нема да пишувам многу, но ќе го ублажеше револтот и провокацијата кај македонскиот народ ако прво со твојот пријател од УЧК положевте цвеќе и се поклоневте кај Вејце и Карпалак. Ова е неподносливо и не се простува ако се свртиш назад и се присетиш на твоите празни ветувања! Да не речам национални лаги“, му порача Најдовски на некогашниот соработник..
Генералот Ангелов сега е вработен во едно Јавно претпријатие заедно со некогашниот воен противник Абедин Зимбери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This