И Албанија пpeд нac ќe дoбиe вakцини: Bo фeвpyари ќe и бидaт иcпopaчaни 40 илjaди вakцини oд Фајзер

Поврзано

Сeрија зeмјотреси во Грција нaјсилниот 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја потресе Грција, јавуваат локалните медиуми. Според порталот „Flash.gr“, Обединетата...

Уште еден лекaр ја зaгyби битkaта со kopонавирусот

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук објави дека почина лекарот д-р Сенат Грбовиќ, од компликации со коронавирусот. Работел...

(Видео) Вoopyжена пpecтрeлка во Сараево, има и пoвpeдени

Вечерва се случи пукање во сараевската населба Храсно, тоа беше потврдено за Кликс во Министерството за внатрешни работи на...
- Advertisement -

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу најави дека според договорот со „Фајзер“, повеќе од 40 илјади дози од анти-ковид вакцината ќе пристигнат во Албанија во текот на следниот месец.

Таа додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе почнат да пристигнуваат на почетокот на јули, а планот за испорака треба да заврши во последното тромесечје од годинава,

Според министерката, следниот временски период ќе биде покриен со вакцини обезбедени од механизмот Ковакс и со преговори со други компании што ги води албанската влада.

– Добра вест. Со авансно плаќање од 3,9 милиони долари, Албанија е во првиот прозорец за обезбедување на анти – ковид вакцини преку механизмот Ковакс, напиша Манастирлиу на статус на Фејсбук.

Во меѓувреме во земјата продолжува трендот на раст на новозаразени со Ковид-19, кој во Албанија е присутен по новогодишните и божиќните празници. Вчера беа регистрирани нови 786 случаи, што е над 22 отсто од тестираните, починаа седум лица а оздравеа 489 лица.

Поради тоа и понатаму во сила е одлуката за полициски час кој треба е од 22:00 до 6:00, забраната за летови со Велика Британија и продолжување на онлајн настава на универзитетите и покрај доставената петиција на студентите со која бараат настава со физичко присуство.

Latest News

Сeрија зeмјотреси во Грција нaјсилниот 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја потресе Грција, јавуваат локалните медиуми. Според порталот „Flash.gr“, Обединетата...

More Articles Like This