И Антониа Гиговска се сликаше под туш… само забopaви да се coблече

Поврзано

Еве што доби Цеца за 8 ми Март

Јавноста со нетрпение чека медиумите да објават детали од нивната врска. На денешниот ден, 8 ми март, меѓународниот...

Дeнecкa e 8 Март, Мeѓyнapoдниoт дeн нa жeнaтa – eвe штo тpeбa дa знaeтe зa oвoj дeн

Денешниот ден 8. март е познат како меѓународен ден на жената. Главно се одбележува со подарување кон своите најблиски...

(ВИДЕО+ФОТО)Се појавиле нови шok детали за ИНТЕРВЈУТО НА ДЕЦЕНИЈАТА – во игра многу ПАРИ и незапамтен PACKOЛ

Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри е главна тема на сите светски медиуми, а ќе...
- Advertisement -

Македонската поп пејачка Антониа Гиговска последниве месеци е во фокусот на вниманието и на социјалните мрежи и во медиумите. И заради пеењето, но многу повеќе заради приватноста и се што и се случува на тој план.

Како растеше и стануваше полнолетна, така се’ повеќе го истакнуваше својот сексапил, па логично растеше и интересот за тоа што на слатката мала тинејџерка и се случува на приватен и емотивен план, кога е љубовта и љубовните врски во прашање.

Уште додека беше во „Ѕвездите на Гранд“, Антониа покажуваше повеќе од само деловна „блискост“ со тогашниот член на жирито, пејачот Милан Станковиќ, па приказните веднаш почпнаа да се плетат. Од сето тоа на виделина остана да биде докажана само „дружбата“ на пријателска база.

Откако се врати дома, влета во емотивна авантура која најпрвин ја криеше како змија нозете, за потоа авантурата да прерасне во љубовна врска со Иван Иванов, пејачот на „Либеро бенд“, со кого се’ уште се естрадно-љубовна двојка!

И двајцата симпатични и популарни се мета на оние што демнат во заседа и сакаат да влетаат некаде помеѓу едната или другата страна, во зависност од афинитетите. Но, засега естрадната љубов трае, врзана во цврста врска… Или барем така изгледа!

Во меѓувреме, Антониа се повеќе почна да ја изразува својата жеснственост, истакнувајќи го својот сексапил. Веројатно откако созреа, бргу сфати дека само одличниот вокал во денешно време на естрадата не е доволен! Срамежливо и подскриено, ама сепак „малечката“ полека почна да се подразголува! Дискретна провокација, која следниот пат сите очекуваат да биде уште поизразена и поинтензивна.

Антониа деновиве леташе за Швајцарија, каде пејачката имаше настап. И на него „русокосата“ тинејџерка имаше дискретно отворено деколте, но она вистинското од неа допрва сите го очекуваа(т).

И тогаш една фотографија од бекстејџот ја заскокотка фантазијата на нејзините обожаватели, особенмо на оние од посилниот пол. Антониа заврши под туш! Пејачката по теркот на многу други се фотографирала во туш кабината, само… заборавила да се соблече!

И веднаш тргнаа различните коментари… Од тоа дека „гори“, па и вака е доволно секси, до тоа дека фотографијата во туш кабина облечена и на “штикли“, ама баш нема никаква смисла!
Ама ако! Можеби ова беше само „генерална проба“, колку само да се „опипа“ пулсот на публиката или…? Впрочем, никогаш не се знае. Можеби следниот пат? Секој има „Слаба страна“, а нечија е дури и онаа – поубавата, па затоа… „Никогаш не вели – никогаш“! Како што пее и самата Антониа во нејзината балада.

Latest News

Тамара Тодевски позитивна на koвид-19

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска на својот инстаграм – профил објави дека е позитивна на ковид – 19. На објавата...

More Articles Like This