И АХМЕТИ НЕ ВЕРУВА ВО ВЕРЗИЈАТА НА МВР: Полицијата нека се занимава со Асани, повика Али Ахмети

  • March 3, 2018

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одби да го коментира случајот поврзан со функционер на партијата Бекир Асани, кој како што информира МВР, вербално нападна полициска службеничка.

– Не разговаравме за изолирани ситуации. Со тоа нека се занимаваат органите на правдата, рече Ахмети, на новинарско прашање по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во текот на вчерашниот ден, по разговор со Оливер Спасовски, нападната полицајка изјави дека Асани не ја нападнал туку наводно самата се удрила од возилото на пајак службата при што се здобила со повреда на раката, а повредата морала да биде санирана во Градската болница.

Претходно «
Следно »