И БЕСА НА БИЛАЛ КАСАМИ КОНТРА ЗАЕВ: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности

  • October 15, 2018

Движењето БЕСА, со кое претседава Билал Касами, не ја поддржува понудата на премиерот Зоран Заев да им прости на насилниците од 27 април минатата година во Собранието, затоа што според нив, тоа ќе ги девалвира евро-атлантските вредности, објавува порталб.мк.

-Предлогот за амнестирање на учесниците во насилството во Собранието на 27 април ги девалвира вредностите што ги целиме со интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ- вели за Порталб.мк, портпарол на партијата, Елмедин Мемиши.

Запрашан дали пратениците од Движењето БЕСА би гласале за некаков закон за амнестирање на насилниците, Мемиши категорично одговорил “не”.

Инаку, Заев денеска на пленарната седница на Собранието за иницијатива на уставните измени најави простување за насилниците на Собранието, како надомест за опозициската ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени.

Претходно «
Следно »