„И ГАЗОТ ЌЕ СИ ГО ПРОДАДЕ“: Граѓаните со брутална реакција на срамот кој Заев самиот си го нанесе врз себе!

  • October 15, 2018

Премиерот Зоран Заев бара спас за себе од самиот себе во т.н. помирување, односно во понудена амнестија за, како што велеше година и пол и самиот, насилниците кои посегнале по животите на пратениците на 27 април во Собранието на Република Македонија – пишува „Република.мк“

Ниту приврзаниците на политиките на СДСМ ниту опозицијата, а најмалку обвинитете во случајот „27 април“ прифаќаат амнестистија во замена за продажба на уставното име. Правда, а не амнестија, бараат обвинетите.

Граѓаните, активисти, професори, но и учесници во Шарената револуција на социјалните мрежи го искажуваат своето незадовослство и неодобрување на понудениот пазар на премиерот.

Сите потсетуваат на две суштествени работи: прво, дека амнестијата не е во доменот на премиерот на државата кој се замислува дека е цар, туку во независното судство и второ дека со месеци СДСМ и Заев не убедуваа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го условувале со амнестија.

Денешниот непристоен предлог на Заев само уште еднаш докажа дека судството не е независно, туку под негова капа и дека не барало ВМРО-ДПМНЕ амнестија, туку тој се пазари со неа.

Претходно «
Следно »