И ГЕРМАНИЈА ЌЕ НЕ БЛOKИPA НА ПАТОТ КОН ЕУ: Меркел му препорачала на Османи македонската делегација да преговара со пратеници од германскиот Бундестаг!

  • May 1, 2019

Добија пофалби за Договорот од Преспа како добар пример за решавање на спорови, но делегација предводена од премиерот Зоран Заев се врати од самитот во Берлин без сигурно ветување дека јуни ќе биде месецот кога ќе добиеме датум за почеток на пристапните преговори. Зборот “јуни” веќе го замени премиерот со зборот “лето”.

“Порачавме дека cтaбилнocта и реформите кои ги правиме, бездруго треба да се сфатат како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија во текот на летото”, изјави премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Иако проширувањето на Европската унија не беше тема на Самитот, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за ТВ21 кажа дека во билатерални средби се разговарало и за прашањето за добивање датум. По позитивниот прогрес извештај на Европската комисија, Османи се надева дека во јуни ќе биде одлучувачки, како месец кој е потребен за оддржување на позитивна атмосфера во регионот. По изборите во Европскиот парламент, тој вели дека за да го задржат својот кредибилитет, земјите-членки мора да ги одржат ветувањата .”Мислам дека ако се исклучи јуни или оваа година за почетокот на преговорите, може да koлабира целиот процес, вклучувајќи ја тука и Преспа, вклучувајќи ја и динамиката на реформите, вклучувајќи ги и меѓуетничките односи. Затоа е многу важно, земјите членки да бидат консеквентни за договорот кој сме го склучиле дека ако ги исполниме нашите обврски и Европската унија ќе ги исполни своите обврски, бидејќи на овој принцип се базира на кредибилитетот на Унијата “, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Османи кажа дека Меркел му препорачала на македонската делегација да преговара со пратеници од германскиот Бундестаг, за и покрај ограниченото време, да ги убедат нив дека тие ќе мора да се најдат простор во нивната агенда, за да го разгледаат извештајот за напредокот кој ќе биде објавен кон крајот на мај.

Но, ако Германија претставува техничка пречка за Македонија, што да се каже за Франција која е скептична во врска со проширувањето на ЕУ?

“Јас сум оптимист дека Франција и Холандија нема да бидат бариерите на Северна Македонија во овој поглед. Една хипотетичка варијанта, која во моментот е само хипотетичка, е ако двете земји се оценуваат заеднички, Албанија и Македонија, и ако некоја земја има никакво двоумење во врска со една од земјите, тогаш земјата може да биде колатеpaлна штета на спојувањето во пакети, но јас мислам дека проценката треба да биде индивидуална “, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Коментирајќи во врска со одлуката на Франција за изготвување на стратегија за Западен Балкан, Османи рече дека оваа стратегија доаѓа по меѓуинституционална анализа во Париз, од која што беше констатирано дека Франција не е доволно присутна на Балканот. Затоа, вицепремиерот го гледа ова како враќање фокусот во Балканот и ќе биде во корист на земјите кои не се членки.

Претходно «
Следно »