И ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА ГО „ПРОДАДЕ КУЧАТА“: Екс-министерката за внатрешни му сврте грб на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?

  • January 10, 2019

Гордана Јанкуловска ги разгневи поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, откако на нејзиниот ФБ профил му контрираше на нејзиниот претходен шеф во Владата на Р.Македонија, образложувајќи дека било „лесно да се коментира од 800 километри“

 

Јанкуловска, која 11 години беше министер за внатрешни работи во владата на Никола Груевски, попладнево се дрзна да му возврати на нејзиниот шеф, откако екс-премиерот на ФБ упати апел до пратениците добро да размислат пред носење на одлука за промена на Македонското име.

Таа, објасни дека било „лесно од 800 километри да коментира“, притоа не земајќи ги во предвид информациите кои укажуваа дека во затворот се подготвувала ливкидациja на Груевски, по нарачка на актуелната власт.


Јанкуловска впрочем, до пред неколку месеци, поточно до пред интервјуто на про-владината „1ТВ“ чиј сопственик е Боки13, имаше идентичен став во врска со името и процесот на промена на уставот со цел промена на уставното име.

Поддржувачите пак на ВМРО-ДПМНЕ, но и луѓето кои отворено се декларираат како противници на Договорот од Преспа жестоко реагираа на нејзиниот статус, нарекувајќи ја „неблагодарник“, „предавник“, „северџан“ и низа други погрдни зборови.

Претходно «
Следно »