И ДЕНЕСКА ВРНЕЖЛИВО: Се очекува дождот да престане кон крајот на денот

  • August 8, 2016

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. УВ-индексот ќе изнесува 7.

109597615-480x266

Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат.

Температурата ќе се движи од 20 до 31 степени.

Во вторник сè уште ќе има услови за слаб локален дожд претежно за западот, а во среда и четврток ќе биде стабилно. Од утре температурата на воздухот благо ќе се покачува.

Претходно «
Следно »