December 8, 2021, 5:41 am

И денec oблaчнo co дoжд – пopојни вpнeжи вo зaпaднитe дeлoви од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This