October 23, 2021, 9:49 am

И дeнec пeкoлнo вpeмe – oд пeтoк пopoeн дoжд и гpмeжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 39 степени.

И во четврток ќе се задржи стабилно и многу топло време кога ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во вечерните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има зголемување на облачноста и услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер а температурата ќе се намали за 3 до 5 степени.

Latest News

Ѓорѓиев: Мaлa дpжава сме, ама Македонците имaaт нajгoлeмо cpцe

Македонскиот кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, четврти пат дојде до златниот медал на Светското првенство (СП), кое оваа година се одржа...

More Articles Like This