И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД ПРИЛЕП ЌЕ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД:Сакаат да бидат опфатени со новиот закон за амнестија и помирување

  • December 10, 2018

Затворениците во затворот во Прилеп најавуваат дека од утре ќе почнат да штрајкуваат со глад, со нивното барање да бидат опфатени со новиот закон за амнестија и помирување кој ќе биде донесен од Парламентот, пишува новинската агенција на албански јазик ИНА.

Еден од овие осу дени лица кое ја издржува затворската казна во затворот во Прилеп испратил писмо до агенцијата ИНА, потврдувајќи дека од понеделник, то ест денес, ќе започнат со нивниот штра јк со глад.

– Ќе почнеме штра јк со глад. Бараме и ние да бидеме опфатени со амнестијата и новото простување. Апелираме да се земат во предвид овие наши барања, потенцираше за ИНА, затвотеникот кој е од Скопје. Штрајкот во прилепскиот затвор доаѓа по оној во затворот во Шутка, каде што штрајкувааТ затворениците од кумановската Група поради незадоволството за условите и нетрансферирањето во затворот Идризово.

Претходно «
Следно »