И Каролина во Белград!

  • December 25, 2018

Каролина Гочева ќе биде дел од првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија МАЦ (Music Awards Ceremony), што ќе се одржи на 29 јануари во „Штарк арената“ во Белград, На истата сцена со Каролина ќе бидат и Бајага, Петар Грашо ,Сергеј Ќетковиќ, Жеко Јоксимовиќ, Горан Бреговиќ, групата „Ван Гог“.
Поддршка за МАЦ од Македонија досега стигна од раперите Панчо од „ДНК“ и од пејачите Влатко Лозаноски-Лозано и Димитар Андоновски.

Организацијата и продукцијата на МАЦ ги потпишува „Скај мјузик“, од каде што најавуваат дека во наредните денови ќе бидат објавени и имињата на другите изведувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ќе настапат на свеченото доделување на музичките признанија.

Претходно «
Следно »