И ОФИЦИЈАЛНО НИ ГО СМЕНИЈА ИМЕТО: По ратификација на Протоколот за НАТО во Грција, Македонија и официјално го промени името!

  • February 9, 2019

По ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на грчкиот Парламент, следува спроведувањето на мерките и активностите што ги најави македонската Влада за извршување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Владата веќе формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Претходно «
Следно »