И РЕПТИЛ МАРКЕТИТЕ СЕ ВКЛУЧИЈА КОН ИНИЦИЈАТИВАТА НА ВИТАМИНКА: Компанијата Рептил маркети донесе одлука за дополнителни три месеци скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство

  • March 19, 2019
  • Коментари

Компанијата Рептил маркети донесе одлука за дополнителни три месеци скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство и се приклучи кон иницијативата на компаниите Витаминка, Макпрогрес, Европа…

Станува збор за новина со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните девет месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

“Вработените се најважни, со добри и задоволни вработени и купувачите се задоволни. Ние тоа го знаеме и затоа моќта и силата на Рептил доаѓа од вработените. Во многу ситуации покажавме дека се грижиме за своите вработени бидејќи сите сме дел од семејството на Рептил. Нашата компанија вработува повеќе од 300 работници од кои сигурно 90% се од женскиот пол, затоа решивме и ние да се приклучиме кон иницијативата за подобро и здраво општество. Рептил ги поддржува фамилијарните вредности и верува дека децата се нашето најголемо богатство. Покрај здравите и среќни деца треба да застанат одморени и насмеани мајки”, истакна управителот Даница Блажеска Личанин.

Рептил маркетите постојат 23 години и во моментов 15-те маркети постојано ја одржуваат топлината на локална (маалска) продавница со давање врвна услуга на купувачите покрај богатиот асортиман и пристапните цени. Односот продавач – купувач секогаш е пријателски и проследен со насмевка и искрен позитивен однос. Вработените во Рептил се едно големо семејство и тие секогаш се спремни да помогнат на своите колеги и во овој случај несебично ќе ги подржат колешките мајки. Овој начин на соработка е етаблиран од основањето на Рептил, компанијата брои многу вработени од самите почетоци на работењето.

Врвната услуга е нешто со кое најмногу се гордее Рептил и ветува дека нашите купувачи ќе излезат задоволни при секое нивно пазарување. Оттука е произлезен и слоганот кој гласи: Пазарете со срце и задоволство.

Претходно «
Следно »