И СЕЛА СЕ ПИШМАНИ: Заев не ја заслужува нашата поддршка за уставни измени

  • December 29, 2018

Амнестирањата и измените на Кривичниот законик испеглаа дел од условите на оние пратеници од независната пратеничка група, кои неофицијално предупредуваа дека нема да гласаат за уставните измени ако останат притворите на функционери од ВМРО ДПМНЕ.

Измените во законот вчера беа поддржани со 63 гласа и без дискусија, а преку  членот 275-в, кој ги опфаќа делата за кои се товарат Сеад Кочан и синот на пратеничката Владанка Авировиќ, премиерот практично си ги обезбеди гласовите на осуммината независни за уставни измени.

Но сега проблемот останува албанската опозиција. Имено, извори за Алфа од Алијанса за Албанците велат „амнестиите донеле огромни дилеми во партијата, дали воопшто власта заслужува поддршка за уставните измени“. Велат дека во следните 7-8 дена органите на партијата ќе донесат одлука дали ќе ги поддржат уставните измени или не. Тогаш ќе го соопштат и официјалниот став.

Во меѓувреме, Беса  на Касами го услови премиерот- ако сака гласови „за“ ќе треба да и ги овозможи правата на албанската заедница што тој ги бара.

Што се однесува до пратениците во власта, револтот од амнестирањата не престанува, но, како што дознава Алфа, нема да се рефлектира на конечното гласање на уставните измени.

Јавноста се погласно коментира дека очигледното отстапување од ветените позиции на премиерот ги разниша партнерските перспективи, оти итната амнестија го отвори плановите зад завесите.

Македонските опозициски гласови се чинат обезбедена територија, но албанските се новата црвена линија.

Претходно «
Следно »