October 27, 2021, 8:59 pm

Иcтpaгa пpoтив двe лицa зa нeдoзвoлeнo пoceдyвaњe mapихyaнa вo Гевгелија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Првиот осомничен, жител на Скопје, на 7 август, по претходен договор со неговиот соизвршител, во автомобил Фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија пренел 998 грама марихуана. Дрогата спакувана во едно ќесе ја оставил во боровата шума кај стовариште во близина на Гевгелија. Таму се сретнал со вториот осомничен, жител на Гевгелија, кој на локацијата пристигнал со мотор веспа. По краток разговор, вториот осомничен ја зел дрогата. Веднаш потоа бил запрен од полициски службеници кои биле во близина, па осомничениот се обидел да избега, а ќесето со марихуана го фрлил.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство, дека ќе ги уништат трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело, како и дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд да определи мерка притвор.

Судијата за претходна постапка при Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот и на двајцата осомничени со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.​

Latest News

Хашим Тачи останува зад решетки

Поранешниот политички лидер на ОВК Хашим Тачи останува во притвор на Специјалниот суд во Хаг, откако Советот на Апелациониот...

More Articles Like This