May 16, 2021, 10:38 am

Иcтpaжyвaњe: Зa физички нeaктивнитe, вepojaтнocтa дa пoчинaт oд Koвид-19 е пoгoлeмa

Поврзано

- Advertisement -

Меѓу луѓето што барем еднаш биле болни од Ковид-19, претходната физичка неактивност е поврзана со многу потешки симптоми и поголема опасност од смрт, покажува истражување со скоро 50.000 испитаници кои биле заразени со коронавирусот.

Имено, според испитувањето на Медицинскиот центар „Кајзер перманент“ од САД, кај луѓето кои не биле физички активни најмалку две години пред пандемијата, има поголема веројатност да бидат однесени в болница, лекувани на интензивна нега и да починат. Како ризик за сериозноста, физичката неактивност е надмината само од возраста и факторот трансплантација на орган, се вели во напис објавен во британскиот „Журнал за спортска медицина“.

Во споредба со други фактори на опасност, како што се пушењето, дебелина или висок крвен притисок, „физичката активност е највисок фактор на опасност во сите исходи на болеста“, се нагласува во написот.

И фактори возраст, машки пол, дијабетес, дебелина и кардиоваскуларни заболувања се често поврзани со потешко поднесување на Ковид-19.

Досега, „мрзливиот начин“ на живот не беше вклучен во категоријата фактори на ризик во однос на Ковид-19. Иако податоците се статистички убедливи, стручњаците истакнуваат дека заклучоците се засновани врз субјективни впечатоци и податоци од пациентите, па постои можност и за пристрасност.

Latest News

Кopoнaтa кocи вo Индија: Haд 4000 пoчинaти лицa вo eдeн дeн, вo нeкoи peки ce пpoнajдeни тeлa oд жpтви..

Индија известува дека има мало намалување на бројот на заразени од Ковид-19 трет ден по ред, но расте бројот...

More Articles Like This