КАБИНЕТОТ НА КУРТО ДУДУШ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи на дожд, се поплави кабинетот на градоначалникот на Шуто Оризари

  • November 17, 2017

Актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, испрати фотографии од неговиот поплавен кабинет. Како што вели тој, канцеларијата постојано е во ваква состојба кога врне дожд.

 

„Според сведоштвата на вработените ваквата ситуација е константна наназад години поради лошата кровна конструкција.

– Претходниот градоначалник Елвис Бајрам наместо да интервенира во кровна реконструкција инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија“, вели Дудуш.

Тој вели дека општината е под ризик од избивање на поголем проблем поради протекување на вода директно во струјната инсталација.

Претходно «
Следно »